Пчетна  |  Контакт    

Добредојдовте

на официјалната вебстрана на Македонската Кендо - Иаидо Федерација

Македонската Кендо - Иаидо Федерација (КИФМ) е непрофитна, аполитичка спортска организација, чија главна цел е промоција и развој на јапонските боречки вештини КЕНДО, ИАИДО и ЏОДО во Македонија.

КИФМ е основана на 10 Ноември 2006 година и е овластена од институциите на Владата на Република Македонија да ги промовира и развива Кендо, Иаидо и Џодо вештините во Република Македонија како единствена федерација која ќе ги конторлира и поттикнува на развој нејзините клубови.
КИФМ се грижи и ги организира државните натпревари во Кендо и Иаидо во Република Македонија.

3 БАЛКАНСКИ КЕНДО КУП
во организација на Кендо - Иаидо Федерација на Македонија
01 - 04 Октомври, 2009

Оваа година, Македонската Кендо – Иаидо Федерација е организатор на 3-то Балканско Првенство во Кендо, на кое ќе учествуваат сите балкански држави со свои репрезентации во поединечните и екипните натпревари.
На редовната седница на МКИФ, одлучено е 3-то Балканско Првенство во Кендо да се одржи во Охрид, во период од 01-04 Октомври 2009 година.


ОБЈАВА:
Македонската Кендо - Иаидо Федерација е под техничка водство на почитуваниот Такаказу Ииши Сенсеи, Кендо Кјоши 7ДАН, Иаидо Ренши 7ДАН.


 


Концепт на Кендо
Концептот на Кендо вештината е да се дисциплинира човечкиот карактер преку употреба на принципите на Катаната.

Целта на практикувањеto на боречката вештина КЕНДО е:

Да се формира духот и телото; Да се развива здрав, енергичен дух; И преку правилен и строг тренинг,;да се настојува да се подобри Кендо вештината; да се почитува човековата чест и достоинство; да се здружува со останатите на искрени принципи; и секогаш  да се тежи кон сопствен развој.
Ова ќе овозможи поединецот: Да ја сака неговота/нејзинта земја и општество; да придонесе за развојот на културата; и да го промовира мирот и просперитетот меѓу сите луѓе.

Повеќе


Иаидо често се преведува како вештина на вадење на мечот од корица, со што се прави разграничување на најбитниот елемент во Иаидо вештината, а тоа е вадењето на мечпт пд корицата да стане напад. Зборот ИАИ доаѓа од фразата ”Tsune ni itte kyuu ni awasu”, кое преведено означува ”Да се биде спремен во секоја ситуација” или таканаречено МОМЕНТНО СПОЗНАНИЕ на опкружувањето ...

Иаидо претставува Јапонска боречка вештина која се поврзува со чисти, контролирани движења на вадење на мечот од корицата, напад или сечење на противникот, и отстранување на крвта од оштрицата, по што следува враќање на мечот во корицата. Додека новите ученици на иаидо може да почнат со дрвен меч - bokken во зависност од стилот на Иаидо и од конкретниот учител ...

Повеќе
 

Резултати од Државното првенство за сениори во Кендо - 2009

1-во место - Кесковски Златко
2-ро место - Атанасовски Андреј
3-то место - Никовски Игор
3-то место - Јошевски Матеј

Повеќе
 

САКУРА 2009 - манифестација во чест на јапонската цреша

Традиционално, Македонската Кендо – Иаидо Федерација во соработка со Центарот за јапонски боречки вештини и духовна култура “Самурај Доџо” под покровителсвто на град Скопје, на 25-ти април 2009 година со почеток во 11 часот, организира Сакура - прослава во чест на цветањето на Јапонската цреша.

Повеќе
 

Интернационален отворен Кендо и Иаидо семинар - 2009
Скопје, 15-17 Мај 2009

Со голема чест, Македонската Кендо - Иаидо Федерација ги поканува сите кендоки на Отворениот интернационален семинар за Кендо и Иаидо, кој ќе се одржи во Скопје во периодот од 15-17 Мај 2009 година со почитуваниот Такаказу Ииши Сенсеи, Кендо Кјоши 7ДАН, Иаидо Ренши 7ДАН.

Повеќе